(ВИДЕО) Отворен најдолгиот мост на море во светот – долг 55 километри

Кинескиот претседател Ши Ѓинпинг денес официјално го отвори најдолгиот морски мост на церемонијата во јужниот град Чухаи. Мегапроектот вреден 20 милијарди долари понатаму ја поврзува континенталната Кина со полуавтономните територии Хонгконг и Макао, со мост од 55 километри, кој се градеше речиси девет години.

Тоа е клучен елемент на планот на Кина за Голема заливска област, која опфаќа 56.500 квадратни километри јужно од Кина, а во неа има 11 града, вклучувајќи ги Хонгконг и Макао, кои се дом на 68 милиони луѓе.

„Изјавувам дека официјално е отворен мостот во Хонгконг-Макао-Чухаи“, рече Ши