(Видео) Не е сѐ така сиво: „Жолтите елеци“ направија одлична журка со трубачи среде Париз


Десетици илјади граѓани протестираат на улиците во Париз веќе неколку недели барајќи намалување на даноците за гориво и високите трошоци за живеење, а медиумите веќе некое време објавуваат фотографии и видеа од гнев и огорченост на францускиот народ.

Сепак, на Фејсбук се појави едно видео на кое демонстрантите танцуваат и пеат во ритамот на музиката.

Демонстрантите направија пауза од судирите со полицијата, па се опуштија со музика и танц. На видеото кое е споделено на фејсбук-страницата „Европа вели OXI“ се гледаат весели Французи како мавтаат со знамиња и танцуваат, и на тој начин ѝ пркосат на ниската температура на главниот плоштад „Плас де ла Бастилја”.

Видеото наиде на позитивни коментари и беше прегледано преку 338.000 пати.

„Луѓето никогаш не се проблем, проблемот е во корумпирана власт и лошите политичари, кои се обидуваат да ги поделат луѓето. Луѓето од средната класа се добри, тоа треба сите да го знаат“, напиша еден од корисниците на Фејсбук.

На видеото имаше коментари од Французи, но исто така и од странци кои нагласија дека би сакале и нивниот народ да се дигне против неправдата, како што тоа го прават луѓето во Париз.