(ВИДЕО) Најинтелигентното дете на светот: Лаурент има само девет години, а веќе е студент

Лаурент Симонс има само девет години и веќе е студент. Тој завршил средно училиште за само една и пол година, а основно за две.

Лаурент никому не кажува за тоа што подготвува за во иднината. Вели дека светот нема да го разбере и ќе му се смее. Како што би му се смееле кога би им кажал дека ќе се запише на факултет на возраст од 9 години, а токму тоа и го направи.

Не само што студира на три престижни факултети, дури и еден автор на научна книга побара од него да ја преработи првата глава од неговата книга. Екипа на ТВ-емисијата „Проверено“ на хрватската телевизија Нова отиде во Амстердам за да го запознае ова фасцинантно момче.