(ВИДЕО) Настапот на Гага и Купер, моментот што ги одбележа синоќешните „Оскари“

Моментот за кој најмногу се зборуваше по синоќешното доделување на „Оскарите“ беше изведувањето на песната „Shallow“ од Лејди Гага и Бредли Купер.

Искрите летаа за време на нивната изведба и уште повеќе ги нагласија шпекулациите дека пејачката и актерот ја пренеле хемијата од екранот во приватен живот.

За време на изведбата, тие разменуваа погледи полни со нежност, и на крајот се прегрнаа и се бакнаа.

Долго време се шпекулира дека Брадли и неговата сопруга Ирина Шаик, која синоќа неговиот емоционален настап во дует со Гага го гледаше од публиката во друштво на свекрвата на Глорија, имаат проблеми во бракот.

Потоа, Лејди Гага неодамна ја прекина врската со нејзиното момче и почна да се шпекулира дека за тоа се виновни чувствата што таа ги има кон Купер.