(ВИДЕО) Надзорни камери снимиле како Русинка си го продава бебето

Безбедносните камери на аеродромот во Омск, Русија, снимиле како мајката Ина Петрова ѝ ја продава девет дена старата ќерка на Наталија Зданова, која долетала од Санкт Петербург да го земе бебето.

Невработената сликарка ја бакнува својата ќерка, завиткана во ќебе, и ѝ ја подава на Наталија, која потоа со лажен извод на родените, во кој стои дека таа е мајка на бебето, го минува аеродромското обезбедување и се враќа во Санкт Петербург.

Мајката подоцна признала дека жали за своите постапки и дека Зданова ѝ дала 40 евра за бебето, пишува „Дејли мејл“.

Зданова очајно сакала да има уште едно дете, откако повозрасниот син го напуштил семејниот дом, и објавила оглас во кој наведува дека сака да посвои дете, а Петрова се јавила на огласот.

„Би сакала да ја посвоите ќерка ми бидејќи јас не сум во можност да се грижам за неа“, ѝ напишала Петрова на Зданова.

Двете жени биле уапсени и почната е истрага во согласност со законите за трговија со деца во Русија, а им се заканува казна затвор од по 10 години.