(ВИДЕО) Моќта на природата: Голема снежна лавина за неколку секунди ги затрупа паркираните автомобили

На снимките што се појавија на социјалните мрежи се гледа како голем лавина се спушта надолу по падините на највисоката планина во Европа, Елбрус, во Русија.

Големата снежна маса во саботата се спушти на паркингот во подножјето на планината Елбрус во Северен Кавказ, република Кабардино-Балкарија, јавуваат спасувачките служби.

Планината Елбрус со највисока точка од 5.642 метри е во првите десет највисоки планини во светот каде што се наоѓаат многу популарни скијачки центри.

На многубројни видеа објавени на социјалните мрежи се гледа како масивна лавина ги поклопува паркираните возила. За среќа, снегот престанува да слегува по планината пред да погоди значајни инфраструктурни објекти, а службите за спасување јавуваат дека не добиле пријави за повредени луѓе.