(ВИДЕО) Моќна вокална интерпретација на Нина Јанева во песната „Ова е крај“

Македонската пејачка Нина Јанева објави нова песна и видео запис за баладата „Ова е крај“ која е комплетно авторско и продуцентско дело на Александар Масевски, а истата доби и свој видео запис за чија режија и реализација се погрижи Александар Ристовски-Принц.

Се работи за балада со примеси на блуз, госпел и поп, каде што само во придружба на пијано и органа, Нина ги опишува своите чувства преку суптилна и моќна вокална интерпретација.