(ВИДЕО) Масовна тепачка на свадба во Турција поради музиката

На свадба во турскиот град Адана настана вистински хаос откако гостите започнаа да се тепаат затоа што не можеле да се договорат околу музиката.

На снимката се гледа како летаат столови од еден табор кон другиот, а расколот настанал затоа што двете семејства доаѓаат од различни делови на Турција, па сакале на свадбата да има традиционална музика од нивните родни места.

Диџејот се обидел да направи компромис со наизменично пуштање два вида музика, но ова само уште повеќе ги налутило сватовите кои се обвинувале меѓусебно дека секој игра само на својата музика.

На крајот морала да интервенира и полицијата, но никој не бил уапсен затоа што сватовите не сакале да сведочат едни против други, а и никој не бил посериозно повреден.

Младенците потоа ја напуштиле свадбата, а истото го сториле и нивните гости.