(ВИДЕО) Масовна акција во Србија: Уапсени 93 лица, запленети дрога и оружје

Во повеќе одделни акции во Србија, во борбата против криминалот и корупцијата, уапсени се 93 лица, вклучувајќи и шест полицајци, а запленети се околу 3,8 килограми наркотици, соопшти денеска српското Министерство за внатрешни работи.

Во рамки на сузбивање на корупцијата и економскиот криминал уапсени се 37 лица под сомнение дека во периодот од 2009 година до денес извршиле повеќе кривични дела, со кои предизвикале штета на републичкиот и покраинскиот буџет, како и на буџетите на неколку локални самоуправи и други економски и физички лица, во износ од 8,3 милиони евра.

Покрај шесте полицајци, во акциите уапсени се и поранешен шеф на општина Трстеник, инспектор во Министерството за заштита на животната средина, вработени во Министерството за правда, вработени во општините Врање и Ниш и во даночните управи Заечар и Лесковац, како и вработени во Електродистрибуција- Ниш и други.

Во борбата против криминалот и трговијата со наркотици, полицијата уапси 56 лица и заплени 3,3 килограми марихуана, 170 грама хероин, 53 грама кокаин, 280 грама амфетамини, 17 парчиња екстази и 510 грама смеса, која се користи за зголемување на количеството на наркотиците, како и осум дигитални ваги.

Запленети се пет пиштоли, една автоматска и две ловечки пушки, 1.582 парчиња муниција, експлозивна направа и една тромблонска мина, како и осум возила и друго.

Акциите се извршени во Белград, Нови Сад, Суботица, Панчево, Кикинда, Јагодина, Заечар, Краљево, Крушевац, Ниш, Лесковац и Врање, а уапсените се осомничени за кривични дела за затајување данок, поткуп, злоупотреба на службената должност, измама, неовластено производство, поседување и трговија со наркотични дроги, изнудување, грабеж, нелегално производство, поседување, носење и транспорт на оружје и експлозивни материи и загрозување на безбедноста.

Покрај уапсените, од српското МВР соопштуваат дека, против 38 лица ќе бидат поднесени кривични пријави во редовна постапка.

<iframe width=”560″ height=”315″ src=”https://www.youtube.com/embed/I5INmQjo4XY” frameborder=”0″ gesture=”media” allowfullscreen></iframe>