(Видео) Во Прилеп маж бојадисува куче, тоа избезумено и преплашено

Среде центар во  Прилеп маж бојадисува куче, а тоа е избезумено и преплашено. Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ ги повикува сите надлежни институции да преземаат превентивни мерки против насилството врз животните.Од здружението прашуваат:

Дали некогаш ќе дојде крај на изживувањето на уличните животни?!

Дали некогаш ќе се санкционираат ваквите психички пореметени личности што се осмелуваат секојдневно да вршат тортура врз недолжните животни?!

„Во ниедна европска метропола ваква суровост не поминува неказнета“, велат од Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“. Тие бараат веднаш сузбивање на сите форми на насилство врз животните и најстроги казни за сторителите.