(Видео) Магичниот Меси со пресврт во Севилја

Фудбалерите на Барселона ја победија Севилја со 4:2, со фантастичен пресврт во гости во последните 25 минути.

Андалузијците одлино им парираа на Каталонците и поведоа со голот на Хесус Навас во 22. минута, но само четири минути подоцна Барса израмни. Со спектакуларен волеј удар Лионел Меси ја затресе мрежата на домашниот тим.

Но, Севилја се врати во водство пред крај на полувремето, со голот на Меркадо.

Андалузијците одлично се држеа до средината на второто полувреме, а тогаш на сцена стапи Меси. Аргентинецот во 67. минута израмни, со уште еден одличен удар.

Се чинеше дека мечот ќе заврши без победник, но пет минути пред крај, Меси погодува за хет-трик.

Деморализираниот домаќин беше нокаутиран во продолжението, Меси овојпат му асистираше на Луис Суарез кој постигна гол во гости по повеќе од 24 часа игра без погодок надвор од „Камп Ноу“.