(Видео) Леди Гага како ѕвезда пристигна во Венеција

Италија- Поп-ѕвездата Леди Гага како филмска дива пристигна на филмскиот фестивал во Венеција. Со брод, вкрстени нозе и ружа.

Таа е една од наголемите ѕвезди најавени за 75. Мостра. Таа ја има главната улога во режисерското деби на актерот Бредли Купер, преработката на филмската класика „Ѕвездата се роди“. Во една од песните двајцата пеат во дует, а дел од песните ги потпиша Купер.

Во главната конкуренција се вклучени 21 филм од Европа, Јапонија, Австралија и Американскиот Континент. Фестивалот ќе биде затворен, исто така, со биографија – филмот „Driven” за подемот и падот на американскиот автомобилски конструктор Џон Делоријан, во режија на Британецот Ник Хам.

Британската актерка Ванеса Редгрејв ќе го добие „Златниот лав” за животно дело.