(ВИДЕО) Курц повторно ги повика граѓаните на Македонија да гласаат на референдумот

Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска преку видео порака повторно ги повика граѓаните на Македонија да излезат на гласање на референдумот на 30 септември.

– Австрија е важен пријател и партнер на Македонија. Се надевам на позитивен резултат од референдумот, на активно учество од граѓаните и со тоа решение на европската перспектива. Јас не можам да ja донесам вашата одлука, но како пријател на Македонија, се надевам на правилна одлука и на европски развој, порача Курц.

Австрискиот канцелар истата порака ја упати и за време на посетата на Македонија на 7 септември. Тој го поздрави постигнатиот договор со Грција, а неговото прифаќање на референдумот, како што нагласи, е голема шанса за европерспективата на Македонија и за целиот регион.