(Видео) Кристи Бринкли е рекордерка по насловници: Најголем успех ми е што сум мајка

САД – Топ-моделот Кристи Бринкли се има појавено на повеќе од 500 насловни страници на списанија низ целиот свет, ги има красено страниците на „Спортс Илустрејтед Свимсут“ изданијата и е фотографирана во повеќе од 30 земји на 6 континенти – но, нејзиното најголемо достигнување е мајчинството. Таа е мајка на три деца, вклучувајќи ја и ќерката што ја има со поранешниот сопруг Били Џоел, Алекса Реј Џоел.

Бринкли, која овојпат на 64 години е на насловната страница на „Соушл лајф“, изјави за списанието дека таа и легендарниот пејач и текстописец биле решени да вклучат и музика во воспитувањето на своето дете.
Двојката се венчаше во 1985 година и бракот траеше до 1994. Наводно, Бринкли била инспирацијата за хит-синглот на Џоел од 1983 година, “Uptown Girl”, а се појавува и во истоимениот спот.
„Секојпат кога Били ќе седнеше и ќе почнеше да свири, дури и кога Алекса беше мало бебе, јас ќе ја спуштев на пијаното за да може музиката да вибрира низ целото нејзино тело,“ рече таа во интервјуто за „Соушл лајф“. „Алекса ги чувствуваше акордите на музиката и уживаше во тоа.“
Алекса, која сега има 32 години, ќе продолжи да го остава својот печат како како пејач/текстописец, исто како и легендарниот пијанист. Бринкли инсистираше на тоа дека таа и Џоел (69) секогаш биле многу поврзани преку музиката.
Не е ни чудо што дуото од татко и ќерка не е срамежливо да изведе песна или две или две заедно пред илјадници луѓе.
„Нивните гласови звучат одлично заедно“, рече Бринкли. „Иако Алекса настапуваше во Медисон Сквер Гарден, таа направи да се чувстувува како дома, како што нејзиниот татко отсекогаш бил способен да го направи. Тој може да направи секој простор да делува удобно како дневна соба“.

Бринкли е исто така горда мајка на 23-годишниот син по име Џек Бринкли-Кук, како и на 20-годишниот модел од „Спортс Илустрејтед“, Сејлор Бринкли-Кук.
Сега, кога нејзините деца се пораснати, девојката од насловните страници продолжува да работи на една друга страст – градинарството.
„Уживам во поминувањето време во мојата градина“, инсистираше Бринкли. „Обожавам градинарски ножици! Ги користам толку многу што се именував себеси како Кристи Раце-Ножици! Ја сакам мојата зеленчукова градина и често го користам за убав домашен оброк“.
И Бринкли, кој никогаш не не се срамела од нејзината возраст, сè уште одржува активен животен стил. Во 2015 година, Бринкли за „Фокс њуз“ изјави дека има многу строг пристап кон фитнесот и негата на кожа, што е тајната зад нејзината трајна кариера.
„Ги повикувам луѓето да го направат нивниот тренинг забавен“, рече Бринкли. „Во моментов, најмногу возам велосипед. Сакам да возам статичен велосипед (спининг часови), и тоа е толку забавно. Не мора да сте член на скапа вежбална. Важно е да се движите и да се забавувате и да имате разновидност – тоа е зачинот на животот. ”

Бринкли објасни дека е исто толку важно да се обрне внимание на секојдневните навики во исхраната.

„Станав вегетаријанец кога имав 13 години“, рече таа. “Си реков, ако на кравите им вбризгуваат хормони за да го забрзаат процесот на развој, за побрзо да ги пренесат од раѓање во кланица, којзнае што тоа може тебе да ти направи, нели?”