(ВИДЕО) Колинда: Спасиба Русија!

Хрватска денеска го игра своето прво големо финале на светските првенства, каде што ја очекува својата прва историска титула, а за да дојде до неа ќе мора да ја победи силната Франција.

Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, утрово се качи на авион за Русија каде што ќе го гледа финалето на Светското фудбалско првенство меѓу Хрватска и Франција.

Таа на својот фејсбук-профил објави видеопорака од авионот во која зборува на руски јазик и им се заблагодарува на домаќините за организацијата на Мундијалот.

„Во име на хрватските навивачи ѝ се заблагодарувам на Русија на срдечното гостопримство. Бевте прекрасни домаќини. Вечерва навивајте за Хрватска. И да се радуваме заедно. Благодариме, Русијо! Доаѓаме!“, напиша претседателката на Фејсбук.