(ВИДЕО) Кога Јенс Столтенберг беше такси-возач во Осло

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг вчера пристигна во Скопје, каде имаше работна вечера со премиерот Зоран Заев и други владини претставници со што ја започна неговата дводневна посета на Република Македонија.

Тој е во прва работна посета во Македонија на покана на македонската Влада.

Јенс Столтенберг додека ја извршуваше премиерската функција на Норвешка во 2013 година реши да го испита јавното мислење на еден поинаков начин.

Тој помина едно попладне возејќи такси низ Осло. Иако осум години не седнал зад волан, облечен во униформа на таксист, со темни очила реши инкогнито да ги повози луѓето и изворно да го провери нивното мислење.

Идејата на тогашниот премиер била врз основа на тврдењето дека луѓето, односно гласачите, искрено комуницираат со таксистите, па сакал да ги слушне мислењата. Во возилото имало и скриена камера која ги снимала разговорите со патниците, на кои не им биле наплатени релациите.