(Видео) Кога тој ќе излезе на раскрсница се застанува

Сообраќаец во индискиот град Индор дошол на идеја гужвата во сообраќајот да ја регулира со извонредниот и прочуен танц „Мунволк“ како поп ѕвездата Мајкл Џексон.

-Голем обожавател сум на Мајкл Џексон и го научив неговиот танц и така 12 години го регулирам сообраќајот, изјавил 38. годишниот полицаец Ранџит Синг.

Според него било многу заморно на ист начин да се регулира сообраќајот во хаотичниот град каде има околу два милиона жители, но со „Мунволк“ е забавно и возачите успоруваат со возењето исто така рекол дека во делот каде што тој работи има многу помалку сообраќајни прекршоци.