(Видео) Кина гради хоризонтален облакодер

Кинескиот проект „Рафлс Сити Чонгџинг“, кој многумина го нарекоа инженерско чудо, е речиси завршен, пишува CNN.
Моше Сафди, познатиот архитект, го конструираше комплексот кој се состои од осум облакодери и голем поврзувачки премин, наречен хоризонтален облакодер. Целата конструкција има 1,12 милиони квадратни метри.
Овој амбициозен градежнички проект, се наоѓа во центарот на градот Чонгџинг, што се наоѓа југозападно од реката Јангце.
Хоризонталниот облакодер се нарекува „Кристал“ и ќе биде еден од највисоките на светот, а ќе ги поврзува облакодерите под себе, ќе има галерија што ќе служи како видиковец, градини, бескраен базен и многу ресторани.
„Кристал3 ќе има значајна вечерна функција, односно во текот на ноќта ќе се претвора во џиновски зрак, ќе го осветлува небото со светлосни ефекти.
Во комплексот ќе има трговски центар од 23.000 метри квадратни, 1.400 станбени единици, луксузен хотел и 160.000 метри квадратни раскошно уреден простор.
Неодамна е поставена покривната конструкција и последниот облакодер од мегаструктурата вредна 3,8 милијарди долари, ќе биде отворен кон крајот на оваа година.
Архитектите инспирација побарале во традиционалните кинески пловила, што истовремено беше чин на признание на минатото на градот Чонгџинг како трговски центар.