(ВИДЕО) Карамбол кај „Александар палас“ поради голомразица

Голомразица утрово предизвика застој на сообраќајот на мостот преку реката Вардар кај хотелот „Александар палас“. На видеото се гледа дека неколку возила се судриле при што некои дури излетале од патот во близина на хотелот „Александар палас“.

Иако утрово температурата во Скопје изнесуваше само неколку степени под нулата, тоа беше доволно на некои места во градот да се формира голомразица и да предизвика тешкотии во одвивање на сообраќајот.

Инаку, утрово на првиот работен ден од новата година, исто така поради голомразица, се случи сообраќајка и на излезот од Скопје кон Велес.