(ВИДЕО) Камерите го фатија принцот Хари како краде храна

Војвотката Сасекс организираше свечена презентација на нејзината книга за рецепти, а на овој прием камерите го фатија принцот Хари како краде храна.

Имено, војвотката Меган Маркл објави книга со омилени рецепти на жени кои минатата година ги загубија своите домови во ужасни несреќи, а оваа хуманитарна акција е во голема мера поддржана и од медиумите.

На презентацијата на книгата со рецепти „Заедно: Готвачка на нашата заедница“ во Кенсингтонската палата присуствуваа голем официјални лица, како и членови на кралското семејство, а најголемо внимание привлече нејзиниот сопруг Хари.

Бидејќи бил многу гладен, војводата немаше трпение да чека да заврши официјалниот дел за да јаде нешто. Тој излезе од толпата, а потоа зеде неколку колачиња од масата. За да биде сигурен дека никој не го виде, колачите ги стави зад грбот, погледна наоколу и во тој момент ја забележал камерата. Кога сфати дека е фатен „во кражба“, принцот се насмеа.

На видеоснимката подолу можете да видите како изгледала оваа сцена: