(ВИДЕО) Како навистина изгледа границата меѓу САД и Мексико

Група американски режисери кои воглавно снимаат во дивата природа, минале неверојатен пат од 3.200 километри долж американско-мексиканската граница.

Новиот филм „The River and the Wall“ на најдобар начин опишува како изгледа границата за која толку многу се зборува, особено по изборот на Доналд Трамп за претседател на САД и изградбата на фамозниот ѕид.

Режисерот Бен Мастер вели дека познатото прашање „дали да се изгради ѕид или не“ нема никаква поента. Долж 3.200 километри од Мексиканскиот залив до Долна Калифорнија, само преку 2.000 километри е во дивина.

Неговата мисија е да ја покаже разновидноста на природата на овој пат и да покаже дека оваа граница е многу повеќе од една обична линија на мапа.