(Видео) Италијанскиот премиер ја учеше Тереза Меј да игра билјард

Италијанскиот премиер Џузепе Конте и неговата британска колешка Тереза Меј, во текот на неодамнешниот самит на ЕУ и Арапската лига во египетското одморалиште Шарм ел Шеик, одиграа партија билјард во текот на кој разговараа за нејзините танцови вештини, но и за Брегзит.
Снимката на својот Твитер ја објави конте и под неа напиша „Играме билјард“.
На снимката се гледа дека Меј вели оти не се снајдува најдобро во таа игра и бара од Конте да ѝ покаже како се прави тоа.
Италијанскиот премиер ја почна играта, а потоа и другите присутни ѝ пружија помош на Меј, за да ѝ покажат како се држат рацете и билјардскиот стап, так, и да ја удри топката.