(ВИДЕО) Инцидент во албанскиот парламент: Рама нападнат со јајца

Седницата во албанскиот парламент денеска на кратко беше прекината бидејќи пратеникот Ендри Хаша од опозициска партија со јајца го гаѓаше премиерот Еди Рама, кој во моментот држеше говор во парламентот.

Фотографијата, на која се гледа како Хаша го гаѓа Рама со јајца, ја објави и поранешниот премиер Сали Бериша со порака „За присутните – тост и јајца“.

Порталот Лајми фундит пренесе дека Хаша го гаѓал Рама со јајца додека премиерот бил зад говорницата, а потоа следувал судир на пратениците со чуварите на редот во парламентот.

Истовремено со почетокот на пленарното заседание на албанскиот парламент пред зградата се собрал голем број на ученици и студенти, кои во повеќе градови во Албанија протестираат веќе 16 дена.