ВИДЕО: Икеа направи завеси што ќе го прочистуваат воздухот

ИКЕА од следната година наскоро ќе почне да продава завеси кои го прочистуваат воздухот благодарение на површината обложена со минeрали кои ги разложуваат најчестите загадувачи. Површината на завесите е третирана со минерал фотокатализатор кој овозможува загадувањето од воздухот да се разложи кога ќе помине светлина низ него. На тој начин корисниците на завесите ќе можат да бидат сигурни дека дома дишат чист воздух.
Технологијата Gunrid функционира на сличен начин како фотосинтезата, односно природниот процес со кој растенијата и некои други организми го претвораат јаглерод диоксидот и водата во храна со помош на светлина. ИКЕА неколку години работи на завесите Gunrid заедно со универзитетски институции од Европа и од Азија. Од компанијата велат дека завесите функционираат и со природна и со вештачка светлина.
„За нас е битно да правиме производи кои на луѓето им решаваат реални проблеми. Во сите домови се користат ткаенини, а со напите завеси кои го чистат воздухот ние создаваме евтино решение за чистење на воздухот кое не зафаќа простор и истовремено го разубавува домот“ .
Завесите ќе почнат да се продаваат во нивните продавници од идната година и се дизајнирани да го решат проблемот со загадувањето на воздухот, кој станува се поактуелен проблем.
Според Обединетите нации, се очекува дека 68 отсто популацијата во светот ќе живее во урбани средини до 2050 година, каде што квалитетот на воздухот често е лош. Светската здравствена организација вели дека денес 90 отсто од светската популација живее на места каде што загадувањето на воздухот ги надминува дозволените вредности на Светската здравствена организација. Секој мал чекор за прочистување на воздухот значи, а сега и ИКЕА ќе придонесе да го направиме нашиот свет поубав за живеење.
Загадениот воздух убива седум милиони луѓе во светот, покажуваат податоците на Светската здравствена организација. „Освен тоа што ќе им помогне на луѓето да дишат подобро дома, се надеваме дека Gunrid ќе ја зголеми свеста за загадувањето дома и ќе ги инспирира луѓето на промени во однесувањето кои придонесуваат за свет со почист воздух. Gunrid е прв продукт што ја користи оваа технологија, но развојот ќе ни даде можност во иднина да ја аплицираме и на друг текстил”, велат од ИКЕА.
„Знаеме дека нема единствено решение за загадениот воздух. Работиме на долг рок за да направиме позитивна промена, да им овозможиме на луѓето поздрав и одржлив живот“, вели Лена Прип-Ковач, шеф на одржливост со групацијата ИКЕА.