(ВИДЕО) Излета автомобил во Вардар во центарот на Скопје

Автомобил излета во реката Вардар во центарот на Скопје, јавува од самото место репортерот на „Независен весник“.

Неофицијално, повредени лица нема и возачот веќе не е внатре.

Настанот се случи попладнево кога автомобилот кој се движел по  кејот  излетал директно во реката.

Полициски екипи се излезени на самото место и вршат увид.