Ивана Кнез дизајнираше машки и женски маици

Дизајнерката Ивана Кнез дизајнираше нови модели машка и женска маица, за него и за неа со слоганот: Drama. You need more in your life.

„Драма, Драма, Драма! Секому му треба повеќе позитивна Драма во неговиот живот. Тоа нам не потсетува дека сме живи и дека не се плашиме од ништо. Предизвик на брендот Драма беше да ја креира новата едиција на Машка и Женска маица, буквално за секојдневната Драма во нашите животи, вели Кнез, сопственичка на Драма студио.

Фотосесијата и видеото се режирани и продуцирани од Дарко Митев, кој е долгогодишен соработник на брендот. Како главни улоги во оваа Драма приказна се Ивана и Павел.