(Видео) ЗОИ: Ѝ се скина фустанот, па покажа повеќе од што треба

Претставниците во уметничко лизгање од Франција на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, Гијом Сизерон и Габриела Пападикис, доживеаја непријатност кога за време на настапот на Пападикис ѝ се скина прерамката од фустанот.

И покрај оваа непријатност, двојката успеа да ја заврши точката од програмата, дури и ќе се бори за олимпискиот медал во Пјонгчанг.

– Веднаш почувствував штом се случи тоа. Тоа е навистина голем проблем, но си велев дека морам да продолжам. Ние двајцата на крајот имавме одличен настап на кој можеме да бидеме горди, без разлика на тоа што се случи – изјави Пападакис по настапот.