(Видео) Заедничкиот албум без промоција: Бијонсе и Џеј-Зи во Лувр

САД- Новиот спот  на двојката Бијонсе и Џеј Зи за песната  „Apes**t“  е снимен во еден од најпознатите светски музеи, парискиот  „Лувр“ , а брачната двојка го сподели со фановите за време на нивната заедничка турнеја и по повод објавувањето на заедничкиот албум ексклузивно на Tidal- „ The Carters“.

Двојката пак изненади – албумот беше објавен без претходна најава и промоција.

Бијонсе и Џеј-зи е моментно  на турнејата  “On The Run II”, a својот сингл  “Everything Is Love” го објавија по настапот во Лондон. Новиот албум содржи девет песни, а новиот спот веќе има 2,5 милиони прегледи.