(ВИДЕО) Експлозија на универзитетски кампус во Лион

Неколку експлозии одекнаа на универзитет во францускиот град Лион, јавува Раша тудеј повикувајќи се на локалните медиуми.

Оган се појави на на покривот на една од терасите на зградата во рамки на студентскиот кампус. Во моментов е ставен под контрола, објави универзитетската администрација преку Твитер.

Во соопштението се додава дека огнот избувналаво делот на кампусот во кој се реконструира покривот на една од зградите. Според непотврдени информации, причината за пожарот најверојатно е протекување гас.