(ВИДЕО) Дуа Липа ја вжешти атмосферата пред финалето во Лигата на шампионите

Една од најпопуларните светски ѕвезди на светската музичка сцена, Дуа Липа, ја доби честа да настапи пред вчерашното финале на Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул, кое се одигра на Олимпискиот стадион во Киев, Украина.

Реал Мадрид синоќа го освои трофејот во Лигата на шампионите со 3:1 против Ливерпул, а пред почетокот на мечот атмосферата на Олимпискиот стадион во Киев дополнително ја загреа Дуа Липа.

„Огромно задоволство ми претставува тоа што добив повик од УЕФА да настапам на церемонијата. Ова е единствена можност што ретко се укажува во животот. Планирам на навивачите да им приредам незаборавно шоу“, изјави убавата британска пејачка по потекло од Косово пред почетокот на мечот.

Дуа Липа е родена во Лондон и откако кратко време живееше на Косово, се врати во Британија на 16-годишна возраст, за да почне кариера на модел и пејачка.