(ВИДЕО) Драмски театар повторно прокисна: Во салата врне исто како надвор

Драмскиот театар повторно има проблеми кога времето е врнежливо, па така и вечерва кровот прокисна и дождот врнеше исто како и надвор.

Од видеото кое се споделува на социјалната мрежа Фејсбук може да се види, но и да се слушне дождот кој врне внатре во театар.

Луѓето кои се затекнати внатре се обидуваат брзо да ја напуштат просторијата и да го избегнат дождот.