(ВИДЕО) Две Греми награди за Дуа Липа, Харадинај: Честитки Дуа!

Дуа Липа продолжува да нижи светски успеси, а Косово се гордее со неа. 23-годишната пејачка Дуа Липа синоќа ги освои нагрдите „Греми“ за најдобар млад уметник и за најдобра ритмичка песна, за нумерата „Електрисити“.

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај ѝ честита на пејачката по потекло од Косово.

Харадинај на својата страница на Фејсбук напиша дека „Дуа уште еднаш докажа дека со работа и талент се преминуваат сите граници“.

– Честитки Дуа! Косово е среќно што во светот се претставува со твоето име, напиша Харадинај.