(Видео) Во Zan Mitrev Clinic презентиран модел на тродимензионално срце

Модел на тродимензионално срце на млад пациент денеска беше презентиран во „Zan Mitrev Clinic“, со помош на врвна нова технологија што ја имаа оваа клиника и за првпат во државата, соопштија од „Zan Mitrev Clinic“. Вакви модели можат да се прават за други пациенти и за други органи и тоа многу ја олеснува дијагностиката, велат од клиниката.

Д-р Жан Митрев изјави дека станува збор за големо достигнување што сега е достапно и во Македонија.

– Пациентот е од странство и дојде кај нас за испитување. Ги направивме испитувањата и требаше да добие операција на срце, меѓутоа некои од параметрите не беа јасни и имаше различни мислења, од нашиот тим и од странски консултанти. Така да јас се одлучив да направиме, и тоа прв пат во
Македонија, репродукција на компјутерскиот наод на тој млад човек којшто има вродена тешка срцева аномалија. Ова е резултатот којшто го добивме каде што се гледаат сите крвни садови и целото срце буквално во реална димензија. Суштинско прашање беше дали овој пациент е за операција
или не е? После сите анализи и реалниот три -де модел на неговото срце, јасно ни стана дека овој пациент не е за операција и негово решение сепак е трансплантација на срце. Ова е она што сакам да го презентирам на јавноста и сето ова се случува во Македонија – рече д-р Митрев.

 

Изработката на моделот трае околу еден месец и чини околу две илјади евра. Методот се практикува за хронични болести кои не бараат брзи интервенции и брзи одлуки, а се прави преку меѓународна експертиза.