(ВИДЕО) Во Солун нападнале учесници на геј парада и ги фрлиле в море

Полицијата уапсила четири лица во Солун , кои вчера нападнале учесници на Парадата на гордоста.

Тие нападнале учесници од Грција и од Бразил , кои носеле знаме во боја на виножитото , ги навредувале , а потоа ги фрлиле во морето.

Погледнете:

Нападнатите ученици во парадата не биле повредени.

Полицијата соопшти дека на вчерашната Парада на гордоста имало 5. 000 учесници. Ова е седма по ред парада , што се одржува во Солун.