(Видео) Вооружен маж во Лондон се заканува дека ќе убива луѓе

Полицијата во Лондон преговара со вооружен напаѓач, кој, како што пренесуваат светските медиуми, се заканува дека ќе убива луѓе.
Припадниците на полицијата го опколиле црвениот автомобил во кој е забарикадиран Мажот, за кој се претпоставува дека е вооружен со пиштол.
Утрово околу 9 часот полицијата е известена дека непознат човек во Кројдон злоупотребува жители и им се заканува дека ќе ги убие.
„Полицијата е повикана во вторник во 8.32 часот од страна на човек кој изјави дека има намера да убива луѓе. Човекот е пронајден во автомобил и, кога му пришле полицајците, им рекол дека е вооружен. Службите се обидуваат мирно да ја решат ситуацијата“. соопшти лондонската полиција.