(ВИДЕО) Воз излета од шини во близина на Сиетл
Воз на американската железничка компанија „Амтрак“ слета од надвозник јужно од Сиетл и се урна врз автопат. Американски медиуми јавуваат дека има повредени и жртви.
– Има повеќе жртви во возот – изјави Ед Тројер, портпарол на локалниот шериф. Тој не можеше да соопшти за колкав број станува збор, но рече дека во возилата не се пронајдени жртви.
Од канцеларијата на окружниот шериф соопштија дека се уште има лица, кои се заробени во возот. Кадрите од местото на настанот покажуваат припадници на служби за итни случаи кои ги третираат повредените лица на теренот. Амтрак потврди дека имало повреди.
Mounts Road and I 5 pic.twitter.com/svsT9v8O4H
— Rod Barnes (@rodbrns) December 18, 2017
Поради несреќата сите сообраќајни ленти се блокирани на автопатот кон Вашингтон.
Investigators will “break down the last 72 hours [the engineer’s] life. Was he or she well rested? Was there any substance issues? Was their phone off and put away, per policy?” @krisvancleave says https://t.co/2CyKkppdRE pic.twitter.com/6V8Wp7Z9Eb
— CBS News (@CBSNews) December 18, 2017
Инцидентот се случи северно од градот Олимпија, главен град на државата Вашингтон. Железничката компанија Амтрак соопшти дека возот се движел од Сиетл кон Портланд. Најмалку еден вагон падна од железнички надвозник на прометната Петта меѓудржавна магистрала. Неколку возила кои биле на магистралата се уништени или оштетени.
Поради инцидентот, сите приоди кон на југ на автопатот се затворени за сообраќај. Возачите се повикани да ја избегнуваат областа. Несреќата се случи околу 07:30 по локално време,45 минути по поаѓањето на возот. Пред инцидентот, тој се движел со брзина поголема од 80 километри на час, а во него имало најмалку 75 луѓе.
Националниот одбор за безбедност во сообраќајот поведе истрага за случајот