(Видео) Викторија Бекам во Лондон претстави креации во кои секој може да се замисли

Oткако со години своите креации ги претставуваше во Њујорк, Викторија Бекам реши да се претстави на неделата на мода во Лондон.
Новата колекција на Викторија Бекам богата е со детали и претставува парчиња кои жените денес сакаат да ги носат, а според зборовите на дизајнерката означува идеја на „модерна азбука на женственоста“.
„Оваа колекција ги претставува дамите кои имаат „немирна“ страна“, вели Бекам.
Секое парче и комбинација која славната дизајнерка ја претстави може да се замисли во секојдневните комбинации на облекување.
Колекцијата на Викторија Бекам привлече внимание на многу славни личности, меѓу останатите и Оливија Палермо. Во прв ред беше и семејството Бекам – Дејвид со ќерката Харпер, Бруклин со својата девојка Хана Крос, Круз и Ромео.
Викторија Бекам неодамна откри дека наесен ќе покрене Викторија Бекам линија производи за убавина и нега на кожата, поради што таа е многу возбудена.