(ВИДЕО) Величествен пречек за хрватските фудбалери во Загреб

Хрватската фудбалска репрезентација го освои второто место на Мундијалот во Русија, а по враќањето во Хрватска на фудбалерите им беше приреден величествен пречек. Веднаш по слетувањето на аеродромот во Загреб ги пречeкаа илјадници граѓани, но и долж целиот пат по кој требаше да помине автобусот со фудбалерите. Хрватските херои се движат во отворен автобус, веќе се блиску централниот плоштад „Бан Јосип Јелачиќ“, каде 100.000 луѓе во одлична атмосфера со навивачки песни и знамиња ги чекаат своите фудбалски јунаци.

.