(ВИДЕО) Бомба на Техничкиот факултет во Керч на Крим, десетина загинати

Експлозијата на Техничкиот факултет во Керч на Крим е предизвикана од рачно изработена експлозивна направа, изјави првиот заменик на шефот на Националната гарда на Русија, Сергеј Меликов.

Тој нагласи дека се работи за терористички напад.

– Причина за експлозијата е рачно направена експлозивна направа, изјави Меликов.

Деканката на факултетот, Олга Гребењикова изјави дека непознат напаѓач со пушка упаднал во факултетот активирал експлозивна направа и почнал да пука во секој кого го видел, по што пукал во себе. Според неа тела на настрадани се наоѓаат секаде во факултетот, а меѓу загинатите се и од персонал на факултетот.

Во нападот загинаа најмалку 10 лица и поврдени се десетици.