(ВИДЕО) „Ај кју“ со модерна песна ќе нè претстават на Евровизија

Групата „Ај-Кју“ („Еye Cue“) ќе ја претставува Македонија на Евровизија 2018 во мај, во Лисабон, Португалија. Тие ќе настапат со песната „Lost and found“ на авторот на музика и текст Бојан Трајковски и во аранжман на продуцентот Дарко Димитров.

Песната и видеоспотот вечерва ексклузивно беа промовирани во Дневникот 2 на Македонската радио телевизија, а може да ја слушнете и погледенете и тука:

Комисијата според правилата, едногласно заклучи дека одбраната композиција на евровизиската сцена, најдобро ќе ја донесе групата „Ај-Кју“ („Еye Cue“) којашто е матична група на авторот со вокалистката Марија Ивановска – информираат од МРТ, која е носител на лиценцата на Избор за песна на Евровизија.

Комисијата е едногласна во ставот дека: одбраната композицијата има современ звук, впечатлив рефрен и текст, извонредни и оригинални вокални способности на изведувачот.