(ВИДЕО) Ако уставните измени не поминат во Собрание, Заев најави избори 

Доколку уставните измени не го обезбедат двотретинското мнозинство во Собранието, премиерот зоран Заев најави предвремени парламентарни избори.

Денешниот ден го оцени како успешен и им честиташе на граѓаните кои излегоа да го остварат своето граѓанско право и да гласаат на референдумот.

– Волјата на оние кои гласаа на овој консултативен референдум треба да се претвори во политичка активност во законодавниот дом. Ако навистина како што очекуваме сите имаме видливо големо огромно мнозниство „за“ од оние што гласале тогаш јасна е иднината. Гласот на пратениците во собранието, треба да биде глас за одлучно да ги забрзаме процесите за конечно членство во НАТО и ЕУ. Очекуваме пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ја почитуваат демократската одлука, а во спротивно ќе треба да ја употребиме другата алатка, а тоа значи предвремени парламнентарни избори, рече Заев на прес-конференција во Александар палас.