(Видео) Акармара – град на духови, има само 35 жители

Во рускиот град Акармара некогаш живееле повеќе од 5.000 жители, додека регионот броел повеќе од 400.000 луѓе, а сега има само 35. Денес се смета за бизарна локација која ја посетуваат туристи од сите делови на светот, а зградите кои некогаш биле полни со семејства зјаат празни и напуштени.
Граѓаните на Акармара се разотидоа поради неисплативост на индустријата за јаглен, кога падна СССР, и затоа што грузиските сили често го опседнувале градот на почетокот на деведесеттите, пренесе BBC.
Од големиот број семејства кои живееле во Акармара, денес таму живее само едно. Зградите се напуштени, обраснати со трева, и стопени се со шумата. Фасадите одамна отпаднаа, а оголени се костурите на зградите. Бетонот речиси исчезна, а преостанатите 35 жители упорно земаат материјали од зградите за да ги препродаваат или да го унапредат изгледот на своите згради.
Во летниот период жителите често ги шетаат туристите низ градот и ја прераскажуваат неговата историја. Исто така, организираат забави на кои присуствуваат жителите и туристите.
Едно време постоела идејата Акармара да се претвори во ресорт кој може да биде „временска капсула“ за да се зголеми туризмот и да се покаже како изгледал градот во советските седумдесетти години. Но, оваа идеја пропадна затоа што се потребни многу пари, а ни Абхазија не е призната како република, па пари нема.