(ВИДЕО) Ја слушаат евровизиската песна на Тамара и плачат: Ова е најмоќниот глас!

Евровизиската песна на Тамара Тодевска наидува на позитивни реакции и кај меѓународните критичари, блогери и влогери.

На влијателниот „WiwiBloggs“ на каналот „Јутјуб“ кадешто се критикуваат и коментираат евровизиските натпреварувачи се најде и песната „Proud“ на Тамара.

– Ова е најмоќниот глас. Толку длабоко и емотивно пее, што ништо друго не и е потребно на оваа песна – коментираат.

Преслушувајќи ја песната, двајцата блогери велат дека оваа песна пренесува силна пораката за жените.
Тие не ја кријат својата воодушевеност, а споменуваат дека се почитувачи и на музиката на Тијана Дапчевиќ.

Погледнете: