(ВИДЕО/ФОТО) Снежното време ги радува граѓаните, но им го отежнува и движењето

Снегот во текот на денешниот ден не престана да паѓа, а дел од граѓаните му се радуваат, други пак се жалат поради потешкотиите во движењето.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. На сите сообраќајни правци во државата врне снег и има остатоци од кашест снег по интервенција на дежурните служби. Поради појава на магла видливоста е намалена од 15 до 20 метри на Попова Шапка.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Ви пренесуваме како изгледаше возењето на превојот Стража во текот на денешниот ден. Видео материјалот ни го испратија читатели на „Независен весник“:

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Од 15-ти ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15-ти март 2018 година.

Преку објективот на фоторепортерот на „Независен весник“ ви пренесуваме дел и од состојбата денеска низ градот Скопје.

 

ФОТО: Борис Грданоски