(ВИДЕО)Блогерка од САД: Балканците мамат на мрежите за запознавање

Американската блогерка Нуанда која живее една година во Белград, постојано го проучува Балканот од различни аспекти.

Во нејзиното последно видео посветено на апликација за запознавање на партнери „Тиндер“ остро ги критикува Балканците.

– Ставате по една фотографија на мрежа која е наменета за запознавање. И на таа една фотографија воопшто не личите на она што подоцна ќе го видиш во живо. Навистина не ми е јасна поентата и оваа пракса. Зошто да ставиш една најчесто фотошопирана фотографија на која сте непрепознатливи. Оваа мрежа е наменета за запознавање и треба да му се допаднете на некого или да не му се допаднете. Нема ништо страшно во тоа ако не им се допаѓате на сите – вели таа.

Нуанда раскажува дека користењето на ваквите апликации е многу различно во Америка и тука.

– Познавам луѓе во САд кои си ги запознаа своите животни партнери на „Тиндер“ и тоа е супер. Тука се случува да ми пишуваат мажи кои веќе се со семејство, а тоа е злоупотреба на намената на оваа апликација – вели таа.