Вечниот ерген Хју Грант се жени на 57 години

Англија – Актерот Хју Грант, кого го сметаа за еден од вечните ергени во Велика Британија, одлучи да се жени. За 57-годишниот актер ова е прв брак, а негова избраничка е 18 години помладата шведска ТВ- продуцентка Ана Еберштајн. Двајцата подолго време живеат заедно, а Еберштајн е мајка на три од петте деца на актерот.

Грант има и две деца со поранешената девојка Тинглан Хон, со која беше по долгогодишната врска со актерката Елизабет Харли. Според британските медиуми, венчавката треба да се одржи наредните недели.

Хју Грант стана познат како ѕвезда во романтични комедии, меѓу кои и „Четири венчавки и погреб”, „Дневникот на Бриџит Џонс“…