Вечер на балтичката литература во МКЦ

Издавачката куќа „Готен“ од 20 часот во галеријата на Младинскиот културен центар организира Вечер на балтичката литература – промоција на романот „Јелгава ’94“ од летонскиот писател Јанис Јоневс и на збирката раскази „Стакларница“ од полскиот писател Даниел Одија.

„Стакларница“ од Даниел Одија и „Јелгава ’94“ од Јанис Јоневс се дел од двогодишниот проект на издавачката куќа „Готен“ насловен „Балтикот вирално преку литературата на Балканот“, кој опфаќа превод на 10 книги од Балтикот – кој е меѓу најмалку претставените европски региони во Македонија.

-Станува збор за две одлични книги од автори кои се едни од најинтересните книжевни гласови на полската и на летонската книжевност од поновата генерација, соопшти „Готен“ за  книгите „Стакларница“ и „Јелгава ’94“, чие објавување и промоција пред макеоднската публика се поддржани од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.