Вечерва концерт на „Лајбах“ во Скопје

Култната словенечка група „Лајбах“ вечерва ќе одржи концерт во Младинскиот културен центар во Скопје на кој ќе го претстави фантастичниот нов студиски албум „Also Sprach Zarathustra“. Настапот на групата е во низата концертни настани со кои Таксират фестивал годинава го одбележува 20. издание.

Музиката за новиот албум, групата ја компонирала за театарската претстава „Така зборуваше Заратустра“.

Скопскиот концерт на Лајбах е во рамки на европската турнеја за „Also Sprach Zarathustra“, на која бендот изведува целосно нова концертна програма, песните од актуелниот албум, но и класиците од својот репертоар во нов аранжман, а кои не ги изведувале со години.

Влезниците за овој концерт се достапни преку продажната мрежа на МкТикетс. Почетокот на концертот е закажан во 20:30.