Ветерот го загади воздухот во Центар

Загадувањето на воздухот значително се искачи по ветерот што го зафати Скопје. Највпечатлива промена во воздухот има во центарот на Скопје.

Овие податоци се според апликацијата МојВоздух.мк

Ветер со брзина над 95 километри на час го зафати скопскиот, но и источниот дел од земјава.
Од УХМР информираат дека силен ветер од северен правец ќе дува до крајот на денот. На моменти ќе надмине и над 95 километри на час.

Ветерот ќе продолжи да дува и во текот на утрешнит ден, но со посмален интензитет.

Врнежи од дожд, како што информираат од УХМР, нема да има.