Верижен судар на возила во Ѓорче Патров

Верижен судар меѓу четири возила се случи вечерва околу 21 часот на главната улица во скопската населба „Ѓорче Патров“.

На местото на сообраќајката пристигнато е возило на Брза помош, но засега не се знае дали има повредени лица.